Барди вечерва стартер за Трабзон во клучниот меч за пласман во ЛШ

252

Турските медиуми утрово пишуваат дека македонското засилување за турскиот првак Трабзонспор, Енис Барди ќе почне од првата минута на рванш мечот од плеј-оф колото во Лигата на шампионите против екипата на ФК Копенхаген.

Турците имаат негатива од 2:1 по поразот на првиот меч во Данска, а проблем плус за тренерот на Трабзонспор, Абдула Авчи се и повредите на Хамшик, Туркмен и Серкан Асан, кои сигурно нема да настапат вечерва.

Според најавениот стартен тим, Трабзонспор ќе почне со Угурчан; Ларсен, Бартра, Хуго, Ерен; Сиопис, Барди, Омур; Џанини, Трезеге и Корнелиус.

ПретходноКризата стигна и на „Ванда Метрополитано“: Платите во Атлетико (М) доцнат, а и ќе се намалуваат
СледноЧудно е, но Роналдо во моментов може да се пресели само во Борусија (Д) или Спортинг