И покрај војната во Украина, во таа земја почнаа да се играат натпревари од фудбалското првенство. По отворањето на првото коло кое помина без инциденти, вториот ден фудбалерите поради тревога мораа да бегаат во засолништа. Рух и Металист Харков играа од 14 часот во Лавов, но сирените трипати го прекинуваа натпреварот. По третиот прекин резултатот на натпреварот беше 2:1 за Металист.
Фудбалерите, како и нивните тренери и персонал на стадионот, морале да побегнат во блиското засолниште. По половина час опасноста помина и екипите се вратија на теренот. Но, набрзо повторно се огласија сирените, па играта мораше повторно да се прекине.
Екипите потоа се вратија на теренот, но повторно по трет пат играчите мораа да трчаат во засолништето. Од безбедносни причини немаше публика на трибините, бидејќи моментално нема гледачи на ниту еден фудбалски натпревар во Украина.