Колумбиецот Себастијан Херера ја засили Брегалница!

494

Брегалница добива уште едно големо засилување за актуелната сезона во името на колумбискиот фудбалер со македонски пасош, Себастијан Херера.

27-годишниот Херера, кој е поранешен фудбалер на Работнички, во редовите на Брегалница сега доаѓа од унгарскиот МТК Будимпешта каде настапуваше изминативе две сезони.

Херера, кој е и со репрезентативен потенцијал, имаше одлични настапи за МТК изминативе две години, но по испаѓањето на клубот во втората унгарска лига неизбежно следеше разделба. По заминувањето од Унгарија, се одлучи да го прифати предизвикот потпишувајќи за Брегалница.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

ПретходноДаниел Рикиардо го напушта Мекларен
СледноФјури: Имате седум дена да обезбедите пари за битката со Усик или останувам во пензија!