Судијка од Белгија ќе им суди на струмичани во првиот меч од Лигата на шампиони

203

Европската одбојкарска конфедерација, ЦЕВ, ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Струмица Н. во премиерното преставување во најсилната одбојкарска конкуренција за противник го има холандски Динамо Апелдорн, со кого првиот меч ќе го одигра на 20 септември на гости, додека реваншот ќе биде во нашата земја (Струмица или Скопје) на 27 септември.

За првиот меч во Апелдорн, ЦЕВ веќе ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на мечот. Главен судија ќе биде Белгијката Мари-Катрин Буланже, додека втор судија на мечот ќе биде Витор Гонсалвес од Португалија.

За реваншот на домашен терен, првиот судија ќе биде Гркот Василеос Василеаидис, а втор судија е одреден Кенет Аро од Финска.

ПретходноДимитријевиќ: Данска е сериозен противник, но подготвени сме за предизвикот
СледноКризата стигна и на „Ванда Метрополитано“: Платите во Атлетико (М) доцнат, а и ќе се намалуваат