Фјури: Имате седум дена да обезбедите пари за битката со Усик или останувам во пензија!

177

Актуелниот професионален светски шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, им даде на заинтересираните промотери седум дена да соберат пари за неговата борба против Олександр Усик за да ги обединат сите појаси од кои Украинецот има четири (ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО).

Минатата сабота Усик ги задржа сите споменати титули светски шампион, откако уште еднаш го совлада Британецот Ентони Џошуа.

По победата во април, со која ја задржа титулата во ВБЦ, Тајсон Фјури објави дека се пензионира. Сепак, тој е подготвен да ја промени својата одлука, доколку му биде претставена понуда што не може да ја одбие. Сепак, заинтересираните да организираат битката меѓу 34-годишниот Британец и една година постариот Украинец мора да побрзаат со понудата, бидејќи Фјури си поставил рок до кој ќе чека.

„На сите што сакаат да организираат тепачка им порачувам дека им давам цели седум дена, до 1 септември, да ги обезбедат парите, во спротивно, ќе им се заблагодарам, јас сум во пензија. Сите понуди мора да се испратат до мојот адвокат во писмена форма и со доказ за солвентност, нека започнат игрите“, изјави британскиот борец со ирско потекло кој во неодамнешното интервју за TalkSPORT изјави дека ќе бара 500 милиони фунти (околу 593 милиони евра) за борбата со Усик.

ПретходноКолумбиецот Себастијан Херера ја засили Брегалница!
СледноКостески и Кузманоски во еден глас: Посакуваме и веруваме во полна сала, бидејќи Битола живее за овој спорт!