Адеми и Ристовски вечерва пред полни трибини бараат Лига на Шампиони

123

Вечерва шампионот на Хрватска, тимот на Динамо, на чело со нашите Аријан Адеми односно Стефан Ристовски ќе се обиде да влезе во групната фаза од Лигата на Шампионите преку шампионот на Норвешка, Бодо.

Првиот дуел во Норвешка заврши 1:0, а сега пред преполни трибини и распродаден Максимир, „Модрите“ ќе се обидат да стигнат до нивната примарна цел сезонава.

Динамо е клуб кој чини милиони, но и троши милиони, па затоа, групната фаза од Лигата на Шампионите  е неопходна што се вели. Адеми и Ристовски ќе бидат секако во првиот состав, и ќе го поведат својот тим кон нов успех, и обезбедување на екстра Европска есен.

Мечот стартува во 21:00 часот.

ПретходноУЕФА подготвува казни за 10 клуба меѓу кои и Барселона, ПСЖ, Рома, Интер…
СледноЕмини промовиран во Сондерјиске