Францускиот напаѓач Никола Пепе ќе го напушти Арсенал и ќе премине во редовите на Ница. Неофицијално, Пепе прифатил помала плата за да дојде во редовите на францускиот тим каде што треба да игра стандардно, за разлика од Арсенал каде што не беше често во првиот тим.
Се работи за позајмица до летото 2023 година. Инаку Арсенал го купи Пепе во 2019 година за неверојатни 79 милиони евра, минатата сезона беше очаен со ефект од еден гол во 20 премиерлигашки натпревари.
Пред да дојде во Арсенал, Пепе играше за Лил и за Анже.