Барди и Трабзон не успеаја да стигнат до групите на ЛШ!

202

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзон нема да играат во групите на Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен не го совладаа Копенхаген. Данците дојдоа во Турција со предност од 2:1, а вечерва мечот заврши без голови.
Тоа значи елиминација на Трабзон од ЛШ, но турскиот клуб ќе игра во групите на ЛЕ како утешна награда.
Барди кој пред неколку дена постигна два гола за Трабзон вечерва беше стартер и ги одигра сите 90 минути. Неговата екипа беше многу подобра и во посед на топка и во шанси, но не го направија она најважното – да победат. Копенхаген си влезе во групите на ЛШ.
И Ренџерс патува во групната фаза откако го совлада ПСВ со 1:0 на гостински терен. Чолак го постигна победничкиот гол кој ги испрати Шкотите понатаму. Првиот меч во Ајндховен заврши 2:2. ПСВ ќе оди во групите на ЛЕ.
А Динамо и Бодо играат продолженија. Бодо победи во првиот меч со 1:0, а Динамо го доби реваншот со 2:1, па во Загреб се играат продолженија.

ПретходноАрсенал го праќа рекордното засилување во Ница
СледноРенџерс и Селтик заедно во групите на ЛШ првпат по 2007 година