Досегашниот дефанзивец на тимот на Лион, Ченк Озказар е нов член на тимот на Валенсија. Тој во Шпанија заминува како позајмен фудбалер на една година со можност потоа за откуп.
Турскиот интернационалец ќе мора повторно да се докажува на позајмица затоа што веќе одработи една во белгиски Леувен, за кој одигра триесетина мечеви.
Од друга страна денеска стана јасно дека Валенсија е заинтересирана и за уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, кој летово стана слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
📺 First interview of @cenkozkacarr as a @valenciacf_en player 🦇
💬 “I’m going to give everything for this amazing club”#WelcomeCenk
— Valencia CF (@valenciacf_en) August 23, 2022