Борец – Слога (В) 1:2 е епилогот од заостанатиот натпревар од 1.коло во ВМФЛ кој се одигра попладнево на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес.Инаку овој натпревар требаше да се одигра во саботата, како и сите останати, но од познати причини беше одложен за денеска.
Во интересен натпревар гостите од Виница заслужено победија, постигнаа два гола, а Борец само еден и затоаги освоија сите три бода на ова гостување уште на стартот на сезоната.
Бобан Тасевски уште во 9.минута го откри резултатот и му донесе водство на гостинскиот состав. Во 44.минута веќе беше 0:2 за Слога Виница и тоа со голот на Дарко Николов.
Сепак, само што започна второто полувреме, поточно во 49.минута, велешани со голот на Дамјан Николовски намалија на 1:2. Резултат кој на крајот се покажа како конечен.
Со овој натпревар се комплетира првото коло, а мечевитеод втората рунда во новата сезона во ВМФЛ се закажани за во сабота.