Елмас првпат како капитен на Наполи

342

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас за прв пат ја носеше капитенската лента на Наполи. Тој не беше првотимец на премиерните натпревари во Серија А, но, сепак, е дел од плановите на Спалети.
Елмас денеска ја носеше капитенската лента на пријателскиот меч со Јуве Стабија. На овој меч за Наполи играа и новите фудбалери Симеоне, Распадори и Ндомбеле, како и „староседелците“ Жесус, Политано, Оунас, Сиригу, Естегард, Оливера, а Елмас го предводеше тимот. Наполи славеше победа од 3:0.

ПретходноШкупи тренираше на „Фадил Вокри“, утре во „жешка“ атмосфера ќе брка победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТУРНИР „СЛОВЕНИА БОЛ“ 2022: Кошаркарите до 14 години поразени од Хрватска!