Досегашниот член на тимот на Македонија ЃП и младински репрезентативец на Македонија, Сефер Емини и официјално е нов член на тимот на Сондеријске.
Второлигашот од Данска го ангажираше нашиот интенационалец во обид да се засили што повеќе за претстојната сезона.
„Среќни сме што го доведовме Емини. Играше редовно во македонското првенство, а има искуство и со играње во Русија. Станува збор за талентиран фудбалер кој ќе ни помогне да имаме подобри резултати“, изјави спортскиот директор на Сондерјиске, Есбен Хенсен.