Ивановски стартуваше со победа и на вториот турнир во Тунис

84

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска во Монстаир, Тунис, забележа нова победа. Откако го освои претходниот турнир во овој град викендот, сега стартуваше вториот турнир на кој Ивановски во првото коло го совлада Максимус Џонс од Тајланд.

Калин славеше во три сета, првиот го доби по тај брејк 6:7, а во следните два беше посигурен со 6:3 и 6:2.

Ивановски инаку претходно ја освои првата сениорска титула во кариерата.

 

ПретходноКошаркарите истрчаа во Нествед, време е да се прекине црната серија (ФОТО)
СледноВаленсија ангажираше дефанзивец од Лион на позајмица