По 13 години повторно во ЛШ: Среќно ја елиминираа Ц. Звезда, а сега сакаат „група на смртта“

674

Макаби Хаифа се пласираше во Лигата на шампионите со автогол на Ц. Звезда во 90. минута на мечот во Белград синоќа. Во Израел владее еуфорија, медиумите го слават успехот, а на Макаби му честитаат ривалите од Лигата и водечките политичари во земјата. Сега сите ја чекаат ждрепката, а желбата на играчите е да играат со најдобрите.

Макаби Хаифа ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите за првпат од сезоната 2009/10. Тоа е и првиот тим од Израел кој игра во оваа фаза од турнирот од сезоната 2015/16. Не е ни чудо што израелските медиуми го слават успехот на својот фудбал и се во еуфорија, нарекувајќи го пласманот во групната фаза на Макаби Хаифа – Историја!.

На прашањето кого сакаат да добијат за ривали на утрешната ждрепка, од израелскиот клуб едногласно: „Сакаме атрактивна ждрепка за публиката во Израел.

„Сакам група на смртта, тоа би можеле да бидат Пари Сен Жермен, Ливерпул и Борусија (Д). Сакам Меси и Нејмар да се вратат во Израел“, изјавил тренерот на Макаби Х., Барак Бечер.

ПретходноПознати сите шешири пред утрешната ждрепка за групите во Лигата на шампиони
СледноШкупи го чека „пекол“ во Приштина: Балкани до вчера скоро го распродаде цел стадион!