Тимот на Њукасл во првите три кола од новиот премиерлигашки шампионат се претстави во одлично светло. Одигра реми и против Сити од 3:3, што ќе рече дека во моментов има и тоа како конкурентен тим за добар пласман.
Од друга страна пак, никогаш доста од квалитетни фудбалери, па шпанските медиуми велат дека во моментов добро ситуираниот Њукасл, нема да има проблем да искешира цели 70 милиони евра за сегашниот играч на Реал Сосиедад, Александер Исак.
Швеѓанецот беше дел од неговиот матичен АИК Стокхолм, па од тимот на Борусија Дортмунд, а во дресот на Сосиедад одигра над сто мечеви со и триесетина погодоци.
Мета е на многу клубови, има само 22 години, а очигледно дека Њукасл е тимот кој одлучи да потроши сериозна сума за неговите услуги.
Real Sociedad sources confirm an agreement imminent with Newcastle for Alexander Isak, advanced today by @diariovasco. Club record fee – with final details now discussed. 🚨⚪️⚫️ #NUFC
Long term deal and also add-ons structure, main points discussed to get the deal done. pic.twitter.com/5bls9RUiTC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 24, 2022