Сагата околу Кевин Дурент заврши. Суперѕвездата ќе остане во Бруклин Нетс и следната сезона, иако пред два месеци побара трејд. На крајот тој седна на маса со челниците и тренерот Стив Неш и договори продолжување на соработката.
Сето тоа го изнервира Патрик Беверли, кошаркарот на Јута.
„Сите можете да седите и да не кажете ништо, но тоа не е кул. Има играчи со семејства без работа поради Дурент и неговите ср***. Ова не е убаво“, рече Беверли.
Дурент не остана должен, кратко одговори но само со „хаштаг“ кој гласеше:
„Обвинете го Кеј-ди“.
Yal can sit and don’t say nothing but that ain’t cool. It’s dudes with families out here who haven’t got a job because of this KD shit. And to be on and off ain’t cool. Blessing Gang🙏🏾🏀
— Patrick Beverley (@patbev21) August 23, 2022