Костески и Кузманоски во еден глас: Посакуваме и веруваме во полна сала, бидејќи Битола живее за овој спорт!

102

Последното место за фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига ќе биде потполнето во Битола. Таму, Пелистер ќе го пречека Мешков Брест во последната четвртфинална пресметка, дуелот е закажан со почеток во 20:15 часот.

По елиминацијата на Вардар 1961, македонскиот вицепрвак има шанса да ја одбрани честа на нашата земја во регионалното натпреварување.

Пред мечот во Битола, двајцата македонски репрезентативци Ненад Костески и Цветан Кузманоски, ги изнесоа своите очекувања.

„Ја започнуваме новата сезона, ни следи првиот официјален натпревар. Напорно се подготвувавме за овој битен дуел. Многу битен натпревар за сите нас. Со победа ќе се квалификуваме на завршниот турнир на СЕХА лигата, а тоа би бил преголем успех за сите нас. Мешков Брест е одлична екипа. Без разлика што имаат измени во ростерот, сепак костурот на белоруската репрезентација е во овој тим. Добро се воиграни, играат заедно и се работи за респектабилен тим. Очекуваме поддршка од трибините, нашиот „осми играч“ ќе ни биде најпотребен. Не се сомневам дека ќе биде исполнета салата. Битола живее за овој спорт и верувам дека со наша добра игра и нивна поддршка ќе се радуваме на пласман на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата“, вели Костески.

На него слично размислува и Кузманоски, посакува исполнета сала во Битола и победа над Мешков Брест.

„Минавме тешки припреми во Маврово. Таму бевме една недела и напорно трениравме. Следеше турнирот во Струга, каде игравме добри натпревари со квалитетни екипи. Тие натпреварите ни послужија за воигрување на екипата и подготвени го чекаме утрешниот натпревар. Исто така нестрпливи се и нашите навивачи и битолската јавност. Се надевам дека салата ќе биде исполнета и верувам во победа“. 

ПретходноФјури: Имате седум дена да обезбедите пари за битката со Усик или останувам во пензија!
СледноЦуцули по четири години се врати во Шкендија