Вардар и Пелистер на 11. септември во Охрид ќе се пресметаат во Супер-купот!

117

Екипите на Вардар и Е.Пелистер својот супер куп дуел годинава ќе го одиграат во Охрид. РФМ одлучи таму да го организира дуелот на двата најдобри македонски ракоменти колективи во моментов и тоа на 11 септември.

Беше потребна и согласност од самиот град за организацијата откако федерацијата и клубовите веќе си подадоа рака околу самите детали, односно местото и терминот на одигрување.

Супер Куп се игра од 2017 година, а во првите три изданија победи Вардар. Еднаш против Е. Пелистер, двапати против Металург.
Минатата година се играше во Скопје, а се сретнаа Вардар и Е. Пелистер, а победија битолчани и тоа убедливо 31-22.

ПретходноВаленсија ангажираше дефанзивец од Лион на позајмица
СледноМарселин Гандо Биала е нов играч на Работнички