Познати сите шешири пред утрешната ждрепка за групите во Лигата на шампиони

832

Во очекување на денешните три последни реванш средби од плеј-офот во Лигта на шампионите, веќе се знае како ќе изгледаат сите шешири за ждрепката која ќе биде одржана в четврток во Истанбул.

Поради системот на натпреварување во кој шампионите од најсилните лиги одат во првиот шешир, а од вториот шешир се гледа само коефициентот на УЕФА, можно е дури и вториот шешир да е посилен од првиот. Според условите, вака ќе изгледаат шеширите од кои ќе се одредуваат групите во новото издание на УЕФА Лигата на шампиони:

Прв шешир: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн, ПСЖ, Порто, Ајакс

Втор шешир: Барселона, Атлетико Мадрид, Севиља, Ливерпул, Челзи, Јувентус, РБ Лајпциг, Тотенхем

Трет шешир: Борусија Дортмунд, Интер, Наполи, Шахтјор, РБ Салцбург, Бенфика, Спортинг Лисабон, Баер Леверкузен

Четвртти шешир: Олимпик Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Макаби Хаифа, Викторија Плзен, Динамо или Боде, ПСВ или Ренџерс, Трабзонспор или ФК Копенхаген.

ПретходноЧелзи и Барселона никако да се договорат за Обамејанг
СледноПо 13 години повторно во ЛШ: Среќно ја елиминираа Ц. Звезда, а сега сакаат „група на смртта“