Триото Руси кои ќе бидат новата енергија на македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб следната сезона, веќе пристигна во Струмица. Покрај коректорот Александар Злобин, кој беше дел од струмичкиот шампион и минатата сезона, оваа сезона Струмица ќе има уште две руски засилувања на позициите примач и среден блокер.
Во Струмица веќе се пристигнати Максим Михаилов кој игра на позиција примач и дојде од екипата на Будва и Алексеј Лободин, кој ќе је покрие испразнетата позиција среден блокоер.
Руските засилувања се добредојдени во формирањето на тимот кој веќе следниот месец по подолга пауза го чека враќањето на европската сцена и тоа во првото коло од најсилното натпреварување, Лигата на шампионите.