Тиквеш ја доби пенал драмата и го освои првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“

134

ГРК Тиквеш го освои трофејот на првото издание на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

Во финалето избраниците на Данило Брестовац беа подобри од Партизан по изведување на пенали. Регуларниот дел заврши 29-26, па победникот беше решен од седум метри, крајниот резултат гласеше 33:32.

Партизан по првото полувреме имаше предност од 15-9, но на другата страна Тиквеш успеа да се врати во мечот и на крајот да дојде до победа.

Најефикасен на натпреварот беше бекот на Тиквеш Страхиња Симиќ кој постигна 12 гола и беше прогласен на најкорисен играч на турнирот.

ПретходноЦуцули по четири години се врати во Шкендија
СледноШкупи тренираше на „Фадил Вокри“, утре во „жешка“ атмосфера ќе брка победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)