На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку одлуки, меѓу кои и за цената на билетите за мечот меѓу Македонија и Бугарија закажан за 26. септември на националната Арена „Тодор Проески“. Картите ќе се продаваат по цена од 250 и 350 денари.
Во продолжение ви ги пренесуваме сите одлуки донесени на седницата на Управниот одбор при ФФМ.
– У.О. на ФФМ ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Бугарија од Лига на нации кој ќе се одигра на 26. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација.
– У.О. на ФФМ го прифати предлогот за слободен влез на стадионот на ТЦ „Петар Милошевски“ за љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација на натпреварот Македонија – Летонија во женска конкуренција од квалификациите за СП 2023. Натпреварот ќе се одигра на 1. септември во 16:00 часот.
– У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за натпреварување во ПРВА и ВТОРА ЖФЛ за натпреварувачката сезона 2022/2023;
– У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за КУП натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2022/2023;
– У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за натпреварување во млади женски категории за натпреварувачката сезона 2022/2023;
– У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2022/2023;