„Чеканите“ го одврзуваат ќесето: понудија 40 милиони за бразилското чудо

307

Управата на Вест Хем испратила понуда за фудбалерот на Лион Лукас Пакета вредна 40 милиони евра, потврди менаџерот на екипата Дејвид Мојс. Бразилскиот напаѓач ова лето беше на радарот на неколку клубови од Премиер лигата меѓу кои Њукасл и Арсенал, но се чини дека Вест Хем би можел да победи затоа што прв преземал конкретни чекори.
Испративме понуда за него. Тој може да игра како офанзивен играч за врска или лажна деветка што го прави и во бразилската репрезентација. Мислам дека има добро педигре“, кажа Мојс.
Пакета постигна 9 голови со 6 асистенции на 35 натпревари во Лига 1 минатата сезона, сепак, неговиот Лион заврши на осмото место и без пласман во Европа.

FOTO>Twitter

ПретходноТУРНИР „СЛОВЕНИА БОЛ“ 2022: Кошаркарите до 14 години поразени од Хрватска!
СледноАрсенал го праќа рекордното засилување во Ница