Челзи и Барселона никако да се договорат за Обамејанг

203

Челзи и Барселона во моментов не можат да се договорат за трансферот на напаѓачот на Каталонците, Пјер-Емерик-Обамејанг, потврдуваат извори блиски до двата клуба.

Информациите велат дека „сините“ се уште не се договориле со шпанскиот тим за потписот на 33-годишниот Габонец. Според некои информации, преговарачкиот процес продолжува, но проблемот е само во цената која Барселона ја постави за него. Англискиот клуб не е подготвен да ги плати 30 милиони евра што ги побараа Каталонците.

Обамејанг дојде во Барселона со слободен трансфер во јануари 2022 година.

ПретходноСкариоло го скрати списокот на кошаркари на кои смета за Евробаскетот 2022
СледноПознати сите шешири пред утрешната ждрепка за групите во Лигата на шампиони