Португалскиот фудбалски новинар Рикардо Лестре ги наведе клучните фактори кои го спречуваат Кристијано Роналдо да замине од Манчестер Јунајтед во друг голем европски клуб.rt
„Дури и Манчестер Јунајтед да го пушти Роналдо бесплатно, малкумина можат да си ја дозволат неговата плата. Се сомневам дека дури и Баерн може да го направи тоа. Како што во моментов стојат работите Кристијано може да ја продолжи кариерата само во Борусија (Д) или Спортинг поради големата амбиција да игра во Лигата на шампионите, но само ако реши да игра за просечна плата“, вели Лестре.