Динамо Загреб со многу мака се пласира во групите на Лигата на шампионите откако вечерва во 120 минутна борба го совлада Бодо/Глимт со 4:1. Првиот меч заврши со победа на Норвежаните со 1:0, а вечерва на реваншот „модрите“ се соочија со многу проблеми меѓутоа успеаја да го елиминираат противникот.
Адеми и Ристовски беа стартери со тоа што нашиот бек му асистираше на Бруно Петковиќ за маестралниот гол со ножички за 2:0 во 35 минута. Претходно Оршиќ го отвори резултатот, но во второто полувреме избраниците на Анте Чачиќ одиграа многу слабо. Гронбек погоди во 70 минута за намалување на резултатот и продолженија.
Адеми и Ристовски излегоа, па Динамо продолжи без нив. Резулатот не се менуваше се до 117. минута кога Јосип Дрмиќ ја смести топката во мрежата со кој ја отвори вратата во ЛШ. Три минути подоцна по контра напад Дрмиќ му асистира на Бочкај кој непречен од никото ја погоди празната мрежа за конечна победа од 4:2.