Турските медиуми утрово пишуваат дека македонското засилување за турскиот првак Трабзонспор, Енис Барди ќе почне од првата минута на рванш мечот од плеј-оф колото во Лигата на шампионите против екипата на ФК Копенхаген.
Турците имаат негатива од 2:1 по поразот на првиот меч во Данска, а проблем плус за тренерот на Трабзонспор, Абдула Авчи се и повредите на Хамшик, Туркмен и Серкан Асан, кои сигурно нема да настапат вечерва.
Според најавениот стартен тим, Трабзонспор ќе почне со Угурчан; Ларсен, Бартра, Хуго, Ерен; Сиопис, Барди, Омур; Џанини, Трезеге и Корнелиус.