Финансиската криза гостигна и Атлетико Мадрид. Според информациите кои ги објавија некои шпански медиуми, „јорганџиите“ побарале од ѕвездите на тимот да размислат за намалување на платата.
Според непотврдени информации, Атлетико (М) вакви барања им доставил на
неколку играчи, како Лемар, Облак, Коке, Гризман и Жоао Феликс. Облак и Лемар веќе направија отстапки, додека разговорите со останатите напредуваат во позитивна насока.
Клубот освен што предлага помали плати за играчите, ризикува да доцни со исплата на истите.