Скариоло го скрати списокот на кошаркари на кои смета за Евробаскетот 2022

155

Селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло го претстави новиот, скратен список на селекцијата со која ќе патува на Евробаскетот. На најновиот список се најдоа 14 имиња.

„Црвена фурија“ му се заблагодари на поранешниот член на Црвена звезда Кино Колом и центарот на Венеција Јанкуб Сима, на чии услуги веќе не се смета.

На листата останаа Дарио Бризуела, Лоренцо Браун, Руди Фернандез, Хаиме Фернанде, Усман Гаруба, Фран Гера, Вили Ернангомес, Хуанчо Ернангомес, Серхио Љуљ, Чаби Лопез-Аростеги, Хуан Нуњес, Жоел Пара, Хаиме Падиља и Себас Саис.

Сепак, ова не е конечниот список на Скариоло, со оглед на тоа што од списокот ќе треба да бидат пречкртани уште две имиња.

ПретходноЕмерсон Палмиери е ново засилување за Вест Хем
СледноЧелзи и Барселона никако да се договорат за Обамејанг