ТУРНИР „СЛОВЕНИА БОЛ“ 2022: Кошаркарите до 14 години поразени од Хрватска!

113

Македонската кошаркарска репрезентација до 14 години со пораз стартуваше на традиционалниот собир во Словењ Градец. Нашите надежи беа совладани од Хрватска со 97-86 на турнирот „Словенија Бол2022„.

ХРВАТСКА (У14) – МАКЕДОНИЈА (У14)         97:86

Одлично прво полувреме имаше нашата селекција „Под 14“ години. Особено ефикасно, нашите млади кошаркари одиграа во втората четвртина во која успеаја да го стигнат почетното водство на Хрватска, која водеше со (27:20).

На почетокот на второто, поведовме со (55:51), но не успеавме да го задржиме тоа наше водство. Напротив, противникот со своја серија, во втората половина од третата четвртина направи вистински пресврт, и до крајот на тој период, изгради солидна позитива од (73:66).

Со серија од пет поени, на почетокот на последната четвртина се доближивме на (73:71). Во 36 минута при 83-82, Хрватска со мини-серија (6-0), поведе со недостижни (89:82).

Терзиевски постигна 16, Ефтимовски има 15, Ѓорѓевиќ 13, Миленковиќ финишираше со 11, а Данев со десет поени.

На вториот ден од турнирот во Словењ Градец, утре вечер, од 18.часот, Македонија ќе игра со Словенија.

ПретходноЕлмас првпат како капитен на Наполи
Следно„Чеканите“ го одврзуваат ќесето: понудија 40 милиони за бразилското чудо