Цуцули по четири години се врати во Шкендија

358

Шкендија објави дека нов фудбалер на клубот е Ардиан Цуцули кој по четири години повторно ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на тетовската екипа. Дефанзивецот претходно беше и капитен на екипата со која два пати го освои шампионската титула, а играше и во странство во Партизани од Тирана, во Кукс и во косовска Дрита.
„Духовно сум поврзан со Шкендија затоа што таму ги поминав најубавите години од мојата кариера. Се враќам дома, знам и неколку соиграчи со кои игравме заедно во минатото. Верувам дека оваа сезона заедно ќе ги оствариме целите и ќе ја вратиме шампионската титула“, изјави Цуцули кој потпиша договор на една сезона.

ПретходноКостески и Кузманоски во еден глас: Посакуваме и веруваме во полна сала, бидејќи Битола живее за овој спорт!
СледноТиквеш ја доби пенал драмата и го освои првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“