Челзи и Барселона во моментов не можат да се договорат за трансферот на напаѓачот на Каталонците, Пјер-Емерик-Обамејанг, потврдуваат извори блиски до двата клуба.
Информациите велат дека „сините“ се уште не се договориле со шпанскиот тим за потписот на 33-годишниот Габонец. Според некои информации, преговарачкиот процес продолжува, но проблемот е само во цената која Барселона ја постави за него. Англискиот клуб не е подготвен да ги плати 30 милиони евра што ги побараа Каталонците.
Обамејанг дојде во Барселона со слободен трансфер во јануари 2022 година.