Повратникот во Премиер лигата Нотингем Форест ќе го официјализира 19. нов фудбалер во овој преоден рок откако се договори со дефанзивецот на Тотенхем Серж Орие. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе потпише едногодишен договор со „шумарите“ со опција да биде продолжен на уште една.
Орие играше за Ленс, Тулуз, две сезони во Пари Сен Жермен, па четири во Тотенхем, а минатата сезона беше член на Виљареал. Тој не го продолжи договорот со „жолтата подморница“ и како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Нотингем.