Ждрепка ЛШ: Адеми, Ристовски, Елмас…Динамо ја брани честа на Балканот!

403

Попладнево во 18 часот во Истанбул, на свечена церемонија ќе се одржи ждрепката за групната фаза во Лигата на Шампионите за сезоната 2022/23. Со оглед на тоа дека во номеври – декември ќе се одржи СП во Катар, оваа фаза ќе заврши нешто порано од вообичаеното, но за тоа потоа.

Како што и одамна се знае, има четири шешири со по 8 клубови, а ждрепката ќе го даде распоредот на екипите во кои групи ќе бидат, ќе има по 4 клубови во 8 групи. Познато е дека не може од една земја две екипи да бидат во иста група.

Оваа есен ќе има само тројца македонски фудбалери, а тоа се Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб и Елиф Елмас со Наполи.

Интересно, само Динамо Загреб од овие балкански простори успеа да се најде во елитата, значи само Хрватска ќе има свој претставник.

Додека Македонија, Словенија, Унгарија, БиХ, Ц. Гора, Косово, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Турција и Албанија нема да имаат своја екипа во ЛШ.

ШЕШИР-1

Реал Мадрид (ШПА)

Ајнтрахт Франкфурт (ГЕР)

Манчестер Сити (АНГ)

Милан (ИТА)
Баерн Минхен (ГЕР)

ПСЖ (ФРА)

Порто (ПОР)

Ајакс (ХОЛ)

ШЕШИР-2

Ливерпул (АНГ)

Челси (АНГ)

Барселона (ШПА)

Јувентус (ИТА)

Атлетико Мадрид (ШПА)
Севилја (ШПА)

Лајпциг (ГЕР)

Тотенхем (АНГ)

ШЕШИР-3

Дортмунд (ГЕР)
Салцбург (АВС)

Шахтјор (УКР)

Интер (ИТА)

Наполи (ИТА)

Бенфика (ПОР)
Спортинг (ПОР)

Леверкузн (ГЕР)

ШЕШИР-4

Ренџерс (ШКО)

Динамо (ХРВ)
Марсеј (ФРА)

Копенхаген (ДАН)

Клуб Бриж (БЕЛ)

Селтик (ШКО)
Плзен (ЧЕШ)
Макаби Хаифа (ИЗР)

РАСПОРЕД

1.КОЛО (6/7 септември)

2.КОЛО (13/14 септември)

3.КОЛО (4/5 октомври)

4.КОЛО (11/12 октомври)

5.КОЛО (25/26 октомври)

6.КОЛО (1/2 ноември)

ПретходноЛина поразена во 1/8 финалето на турнирот во Чешка!
СледноКонечно: Кадетките со триумф над Швајцарија!