Конечно: Кадетките со триумф над Швајцарија!

76

Женската селекција на Македонија „Под 16“ стигна до посакуваниот триумф на првенството во Подгорица. Во рамноправен натпревар, на крајот, нашите кадетки излегоа како победнички во дуелот со Швајцарија со 64:57.

Решавачка за конечниот исход беше нашата подобра игра во третата четвртина во натпреварот за палсмна од 17. до 19. место на шампионатот.

По израмнетото прво полувреме, во кое избраничките на селекторот Горан Даниловски имаа предност, но само од три поени (36:33), по големиот одмор, одигравме добра одбрана која резултираше противничката репрезентација да реализира само девет поени. Ние дадовме двојно повеќе, за двоцифрена предност (54:42), која успеавме да ја задржиме, и за прв пат да победиме на турнирот во Подгорица.

Милица Николиќ со дабл-дабл од 16.поени и 13. скока, го предводеше нашиот тим до посакуваната победа, во која свој придонес дадоа и Ана Ангеловска со 15. реализации, Бојана Николиќ која имаше 12, како и Зара Стојковска која постигна десет.  

По два дена одмор, во недела, од 12. часот, ќе го играме и вториот натпревар од новоформираната група „Е“, а противник ни е селекцијата на Луксембург.  

ПретходноЖдрепка ЛШ: Адеми, Ристовски, Елмас…Динамо ја брани честа на Балканот!
СледноСудии за ВМФЛ: Василевски ќе му суди на Гостивар, Дејаноски на Вардар…