Наградата за најдобар тренер во рацете на Анчелоти

104

Карло Анчелоти е освојувач на наградата за најдобар тренер за сезоната 2021/22 според УЕФА. Италијанецот го предводеше Реал до титулата во Лигата на шампионите со неколку феноменални и незаборавни партии во нокаут фазата.

Анчелоти четири пати во кариерата ја освои ЛШ, по два пати со Милан и со Реал Мадрид.

Оваа сезона заслужено е на тронот, а во трката ги победи Пеп Гвардиола од Манчестер Сити и Јирген Клоп од Ливерпул.

ПретходноПекол во ЛШ: Баерн, Барселона и Интер во иста група!
СледноЗаслужено: Бензема е играч на сезоната според УЕФА