Спектакл во Арена: Србија и Јокиќ ја урнаа Грција по продолжение!

626

Вистински кошаркарски спектакл беше во белградска Арена. Пред полни трибини, Србија ја совлада Грција со 100-94 во првиот квалификациски меч од втората фаза за пласман на Светското првенство.

Ова беше судир на двете најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ на едната страна и Јанис Адетокумбо на другата страна, двајцата беа најдобри во своите тимови, но победата отиде на сметка на кошаркарот на Денвер.

Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, осум скока и шест асистенции, на другата страна грчкиот ѕвер имаше 40 поени и 8 скока.

Грците се изборија за продолжение со серија 8-0 во завршницата, па негативата од 87-79 ја претворија во 87-87. во дополнителните пет минути, Србија беше подобра и славеше и остана во игра за СП.

На останатите средби, Словенија ја оправда фаворитската улога против Естонија ја совлада со 104-83, Лука Дончиќ постигна 22 поени, 11 скока и 8 асистенции.

ПретходноСедлоски: Без разлика на епилогот, мора да бидеме со кренати глави
СледноЛЕ: Алиоски и Ракип обезбедија групна фаза, Пјуник на Радески испадна на пенали