Шкупи брка пласман во групите на Лигата на конференции, а за тоа му е потребна победа на гостувањето кај Балкани во Приштина. Поради поразот од 1:2 на домашен терен, сега ќе мора да победи во гости со два гола разлика или барем со еден па преку продолженија да бара историја.
Тренерот Гоце Седлоски тргна офанзивно со формација 4-3-3. Отсуствува само стоперот Сенгор.