Алкалоид пред нов предизвик – турнирот „Трофеј Нови Београд“!

190

Дебитантот во Супер-лигата, тимот на Алкалоид продолжува со одигрување на пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.

Следен предизвик за Кирил Лазарови и неговите момци е турнирот „Трофеј Нови Београд“, кој ќе се игра во периодот од 25 до 28 август.

Противници на Алакоид ќе бидат екипите РК Партизан Белград, РК Динамо Панчево и израелскиот клуб РК Хапоел Ашдод.

Во првото коло, денеска македонскиот клуб ќе ги одмери силите со Хапоел, следниот ден ќе се сретне со Динамо Панчево, додека на 28 август, на последниот ден од турнирот, ќе игра со Партизан.

ПретходноФИФА листа: Македонија и натаму на 64. место!
СледноРаботнички – Тиквеш ќе се игра на ФФМ!