Ванеса Брајант, сопругата на починатиот НБА великан Коби Брајант кој заедно со својата ќерка трагично загина во несреќа со хеликоптер, ќе добие 16. милиони долари отштета поради неовалстено објавување и споделување на телата од Брајант и неговата ќерка.
Судот, поточно поротата одлучи да и се додели отштета затоа што пожарникарите и дел од полицијата која што била на лице место, и вршела увид на несреќата, неовластено снимале видеа и правеле фотографии од телата на починатите и што е уште пострашно ги споделувале во приватни групи.
Поротата заседаваше 4.5 часа и донесе едногласна одлука. Ванеса Брајант беше присутна на носење на одлуката.