Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги отвори претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. Херој на мечот е Ненад Димитријевиќ, кој од неверојатна позиција погоди тројка со звукот на сирената и ги постави конечните 70-73 на дуелот против Данска.
Нено беше лидер во нашите редови, мечот го заврши со 29 поени, а тројката на Нено можете да ја видите во продолжение.
Македонија вториот меч во овие претквалификации го игра за три дена, на 28 август против Словачка во Скопје.