Деветнаесетти нов играч во Нотингем Форест

350

Повратникот во Премиер лигата Нотингем Форест ќе го официјализира 19. нов фудбалер во овој преоден рок откако се договори со дефанзивецот на Тотенхем Серж Орие. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе потпише едногодишен договор со „шумарите“ со опција да биде продолжен на уште една.

Орие играше за Ленс, Тулуз, две сезони во Пари Сен Жермен, па четири во Тотенхем, а минатата сезона беше член на Виљареал. Тој не го продолжи договорот со „жолтата подморница“ и како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Нотингем.

ПретходноШкупи се сопна и на Косово и остана без милиони и историја! (ВИДЕО)
СледноИсторија во Битола, Лесјак го однесе Пелистер на фајнл-фор завршницата во СЕХА!