Заслужено: Бензема е играч на сезоната според УЕФА

85

Франзускиот репрезентативец во дресот на Реал Мадрид, Карим Бензема е МВП на сезоната во Лигата на Шампионите, награда што одличниот напаѓач ја доби на денешната церемонија што УЕФА ја организираше во Истанбул.

Во конкуренција во финалниот избор беа и Тибо Куртоа и Кевин де Брујне, но Бензема на крајот доби и индивидуално признание откако во изминатите месеци најпрвин стана европски клупски првак со Реал, што е негова петта во дресот на „кралскиот клуб“ откако дојде од Лион во 2019 година. Тој постигна 15 голови во елитното клупско натпреварување од кои 10 во нокаут фазата вклучително и хет-трик на реваншот од 1/8 финалето против ПСЖ на „Бернабеу“ и првиот меч од ¼ финалето против Челзи во Лондон.

За најдобра фудбалерка е прогласена Алексис Путеља која игра за Барселона, а оваа награда ја добива втора година по ред.

ПретходноНаградата за најдобар тренер во рацете на Анчелоти
СледноПолувреме во Нествед: Со Димитријевиќ има разлика, Македонија води против Данска!