Селекторката на женската македонска фудбалска репрезентација до 17. години Катерина Милеска, беше дел од тридневна работилница организирана од страна на ФИФА, која се одржа во ист термин како и Светското првенство за жени до 20 год. во Коста Рика.
Оваа работилница е само мал дел од проектот на ФИФА “Coach Mentorship Programme”, кој ќе трае 18 месеци. На работилницата присуствуваа еминентни имиња од женскиот фудбал, како : Влатко Андоновски, Корин Диакре, Пиа Сундаге, Ана Сигнеул, Беверли Пристман и др.
Инаку на оваа програма ментор и е селекторот на САД, Влатко Андоновски, кој е наш најетаблиран фудбалски работник во светот. Секако, еден од најдобрите во светот на женскиот фудбал.