Џани Алиоски и неговиот нов клуб Фенербахче доминантно го потврдија учеството во групната фаза од Лигата на Европа, откако вечерва во реванш-натпреварот од плеј-офот во ова второ по ранг европско натпреварување и вторпат беа подобри од Австрија Виена. За разлика од првиот меч на гости кога славеа со 2:0, Алиоски и неговите соиграчи денеска постигнаа уште два гола плус во противничката мрежа, за конечни 4:1.
Алиоски го одигра целиот меч и беше еден од најдобрите во турскиот состав.
Малме и нашиот репрезентативец Ердал Ракип, исто така се во групната фаза од ЛЕ. Тие славеа на реваншот кај Сиваспор со 2:0 и со вкупни 5:1 обезбедија место во европската фудбалска есен.
Ракип асистираше за првиот гол на Малме и одигра 76. минути на средбата.
Марјан Радески и неговиот нов тим Пјуник од Ерменија одиграа 0:0 и на реваншот против Шериф Тираспол од Молдавија, па откако немаше погодоциј ниту по дополнителните 30 минути, пенал-рулетот го одлучи победникот. Домашните беа подобри „пеналции“, па Радески и Пјуник се елиминирани во последната рунда до групната фаза.
Радески го почна натпреварот, но беше заменет на полувреме.