Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во 1/4 финалето на ИТФ турнирот во Преров (Чешка). Имено нашата најдобра тенисерка во 1/8 финалето на денешниот меч против Никола Бартункова загуби со 1:2 во сетови и тоа 5:7, 6:2 и 2:6.
Во првиот сет Чехињата беше подобра за малку што се вели, па затоа и го допби сетот со 5:7, додека вториот сет во целост и припадна на Лина која успеа да го освои со убедливи 6:2, сепак во третиот Ѓорческа не беше во ритам и ги загуби со 2:6, со што го загуби и мечот.