ЛК плеј-оф: Приштина како судбина, Шкупи оди по прва гостинска победа, по историја и по 3,3 милиони евра!

267

Нема веќе ако загуби ќе игра со овој, вечерва Шкупи во Приштина на возвратниот дуел од плеј – офот во Лигата на Конференции ја има последната шанса, ќе ги игра последните 90 или 120 минути за пласман во групната фаза во Лигата на Конференции.

Во Скопје беше 1:2 за Балкани, но според шансите и играта на Арената “Тодор Проески“, чаирчани беа тие кои требаше во најмала рака да не загубат. Секако дека тоа дава надеж дека нашиот шампион среде Приштина, на стадионот „Фадил Вокри“ од 20 часот ќе успее да победи и да избори пласман во групната фаза во Лигата на Конференции.

Токму затоа Приштина ќе биде како судбина, токму вечерва ќе се знае дали стратегот Седлоски и неговите момци ја упропастиле најголемата шанса за групна фаза или пак ќе испишат историја и ќе го повторат успехот на Вардар од пред пет години кога играше во Лигата на Европа.

Се разбира дека нема да биде лесно, пекол го чека Шкупи на “Фадил Вокри“, и Балкани сака историја, пред 20.000 фанови косовскиот првак ќе стори се само да не го загуби овој натпревар.

Традицијата е против Шкупи. Имено чарскиот клуб, тука ги сметаме на настапите на Слога Југомагнат, никогаш ама баш никогаш не успеал да победи на гости на еден европски натшревар, а досега одиграл дури 17 меча. На тие петпати ремизира и 12 пати бил поразен.

Но, тоа е историја, сега некои работи се променети. Шкупи има квалитет, па тоа го покажа низ дуелите со Динамо Загреб, да дојде до победа и да ги израдува сите свои фанови, но и да ја израдува сета фудбалска јавност во Македонија.

Шкупи вечерва ќе игра за себе, ќе игра за историја и ќе игра за 3,3 милиони евра.

Вреди да се даде максимумот и со првата гостинска европска победа во историјата на клубот да се дојде до ИСТОРИЈА.

Ваква шанса се дава еднаш во деценијата, па и повеќе…

ПретходноСудии за ВМФЛ: Василевски ќе му суди на Гостивар, Дејаноски на Вардар…
СледноУжасни сцени: Тепачки пред мечот Твенте – Фиорентина! (ВИДЕО)