Македонија У-21 на 23 и 26 септември во Елбасан ќе одигра два пријателски меча со Албанија!

300

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21.година во текот на следниот месец ќе одигра два пријателски меча со У-21 селекцијата на Албанија, и тоа на 23 и 26 септември. Ова секако дека ќе биде добра проверка на силите на кои смета селекторот Драган Канатларовски за наредниот квалификациски циклус.

За „Спортмедиа“ Канатларовски изјави:

Овие два меча со младата селекција на Албанија беа одамна закажани, но само не се знаеја термините. Инаку требаше да се одигра првиот меч во Охрид на 23 септември, а потоа три дена подоцна да се игра во Елбасан. Сепак сега е дефинирано и двете средби да се играат на „Елбасан Арената“ во овој град. Ние ќе бидеме сместени во Охрид. Секако дека ова ќе бидат две убави контроли за сите фудбалери кои ќе добијат покана, ќе има и нови имиња“ посочи Цапар.

ПретходноУжасни сцени: Тепачки пред мечот Твенте – Фиорентина! (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ потврди: За жал, нема да играм на УС Опен