Од Барселона во Лече. Францускиот одбранбен фудбалер Самуел Умтити го напушти „Ноу Камп“ и слета во италијанската Серија А, поточно во Лече. Умтити во последните сезони не беше стандарден во Барселона, а клубот се обидуваше да се ослободи од него но никако не успеваше. Фудбалерот инсистираше да остане иако имаше неколку понуди, извесен период беше и повреден, па неговата форма и кариера тргнаа по надолна линија.
Сфати дека мора да побара друг клуб, а во моментов само Лече излезе како најсериозен кандидат и тој ја прифати нивната понуда. Тој ќе игра како позајмен до крајот на сезоната.
Лече тргна лошо во новата сезона со два порази по првите две кола.