Полувреме во Нествед: Со Димитријевиќ има разлика, Македонија води против Данска!

223

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме на гостувањето кај Данска во рамките на првиот преквалификациски меч за пласман на Европското првенство 2025 година има водство од 29-34.

Противникот поведе со 5-0 на стартот, на другата страна на нашите момци им требаше време да влезат во ритам, па нешто подоцна израмнија на 9-9 (6 поени на Нено, три на Јакимовски). Сепак првата четвртина заврши во корист на Данска (18-14).

Следниот период, Македонија го отвори со серија 1-11 и поведе со 19-25 во 14 минута. Данска се врати дојде на минус еден 24-25, но Димитријевиќ, Војдан и Стојан зголемија на 24-31. Токму од овој момент, данската репрезентација со серија од 5-0 дојде на минус два, ги казни нашите грешки и промашувања, конфузија во играта.

После подолго време најефикасниот кај нас Димитријевиќ постигна тројка за 29-34 на полувремето. Нено има 15 поени и четири асистенции, пет поени има Војдан, додека четири Стојан Ѓуроски.

ПретходноЗаслужено: Бензема е играч на сезоната според УЕФА
СледноСловачка во Скопје доаѓа со пораз!